Македонија
19. December 2023 - 16:44

Мицкоски предупредува на нови бугарски барања, Ковачевски ја демантира Габриел

Најавите дека уставните измени не се последното бугарско барање е признание дека уцените од Софија допрва ќе доаѓаат, вели првииот човек на ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски најавува достоинствено решение во односите со Бугарија откако ќе била формирана нова влада, а уставни измени нема да се случат. Им забележува на европските функционери дека принципот на едногласие, го заменуваат со прнцип на празно столче...

Ковачевски пак ја демантира Габриел, нови услови немало. За премиерот јасна била преговарачката рамка, но според кажувањата на Мицкоски за уставните измени граѓаните никогаш немало да  дочекаат членство во Унијата.

И додека за македонските политичари од власта ставот на официјална Софија е само политичка изјава, бугарската министерка Марија Габриел јасно и порача на Македонија дека не само уставните измени, туку и Договорот за добрососедство и двата протоколи се дел од компромисот. Додека не бидат исполнети сите точки од договореното , Бугарија нема да отстапи.