Македонија
7. October 2023 - 16:26

Мицкоски повика Џафери да организира лидерска, Ковачевски ги условува изборите со уставни измени

Мицкоски се уште инсистира на лидерска средба за претседателските и парламентарните избори и покрај тоа што власта првично ја отфрли идејата. Овој пат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предлага состанокот да биде организиран од собранискиот спикер Џафери во кругот на парламентот. Мицкоски вели дека неодговорно е да се ризикува изборите да бидат неуставни и дека треба да се подготви амбиент за фер и демократски избори.

Ковачевски пак, и денеска го одби предлогот. За него датумите за избори се определени со Изборниот законик. Според Ковачевски на маса се уште се двете опции од претходната лидерска средба: уставни измени, па избори или пак, влез на ВМРО-ДПМНЕ во влада со почеток на уставните измени за заеднички претседателски и предвремени избори.

Како лидер на СДСМ ги отфрли информациите за некаков судир меѓу него и министерот Спасовски повразни со кандидатурата за претседателските избори.

Ковачевски вели во СДСМ претседател и раковдство се избира на најдемократски начин и обеднието на непосредни партиски избори.