Мицкоски: По две години успеваме да го консолидираме и земјоделството каде што наследивме катастрофа

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека по две години владата успева да го консолидира и секторот земјоделство во кој, рече, наследила катастрофална состојба во која земјоделците не можеле да си ги наводнуваат посевите и не ги добивале субвенциите.
-Во секторот земјоделство наследивме буквално катастрофа од претходната влада. Акумулациите беа доведени под биолошки минимум, на 8 проценти, денеска се на 80 проценти, и тоа во јули кога е речиси при крај сезоната за наводнување. За земјоделците беше предизвик да добиваат вода за да ги наводнуваат своите посеви, а сега имаме комплетно обезбедени можности за наводнување во Овчеполието, од Калиманци, преку Кочанско Поле, Штипско Поле па се до Лозово. Во Пелагонија, исто така, преку Стрежево, преку Тиквеш во Тиквешко Поле, долу во Струмичко Поле, исто така. Така што првпат по многу години успеваме да обезбедиме нешто коешто претходната влада не успеваше да го обезбеди, рече Мицкоски одговорајќи на новинарски прашање денеска при посетата на општина Бутел.
Како што рече, во АД „Водостопанство“ и претпријатието „Национални шуми“ не биле исплатени по три плати и дека тоа сега е завршено.
-Субвенции исплаќавме заостанати од 2020 година па наваму, сега ги исплаќаме за 2025. Тоа што ќе се обезбеди сега со ребелансот на буџетот ќе биде исплатено за земјоделците што произведуваат жито и житни култури, млекопроизводителите, мислам дека се обезбедени околу 1,2 милијарда. Така што полека но сигурно од следната година ќе го фатиме чекорот година за година, рече Мицкоски.
Посочи дека само во првите месеци од 2024 биле исплатени преку 4 милиради денари, а вкупно се исплатени повеќе од 15-16 милијарди денари.
-Така што, онаа катаклизма што ја наследивме од претходниот министер, којшто се пробуваше во неколку ресори и за кој знам дека има и кривични постапки за злоупотреба, и ја остави на оваа влада, но фала му на Бога успеавме и таму колку-толку да ги консолидираме работите, додаде претседателот ан Владата.
МИА
Ново на Сител
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
