Мицкоски: Нема да водиме мекотелна политика и дипломатија за пари како претходната влада, која го промени името и го лажеше народот

Оваа Влада води стабилна политика, а не дипломатија за пари и жолтици, како што правеше СДСМ седум години. Како човек никогаш нема да влезам во каква било авантура, без однапред да ги знам крајот и исходот за граѓаните - рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање како ги оценува обвинувањата од опозицијата дека го кочи процесот на македонската евроинтеграција.
Според Мицкоски, ја видовме мекотелната евроинтергациска политика на претходната влада, која го промени името и го лажеше народот.
- Не знам дали треба да ги коментирам обвинувањата од опозицијата. Која опозиција? СДСМ? Мислите на оние што мислат да водат меѓународна дипломатска политика со коленичење, прифаќање бланко-листови, потпишување сѐ и сешто на грбот на македонскиот идентитет, асимилација за пари? Ние дипломатија за пари не водиме. Ние водиме стабилна политика, политика што граѓаните ја препознаваат и ѝ даваат поддршка. И јас како човек никогаш нема да влезам во каква било авантура, без однапред да го знам крајот, а тој да биде позитивен за граѓаните што ме гласале и не ме гласале и за оние што воопшто не излегле да гласаат. Толку многу работи седум години влада СДСМ и ДУИ, толку многу дипломатија за пари е аплицирана, што денеска ние мораме сето тоа да го коригираме на потешкиот начин. И коригираме чекор по чекор, малку по малку доаѓаме до многу поповолна позиција. Ние ја видовме нивната евроинтегративна политика: го променија името, го лажеа народот за бесплатно здравство, за квалитетно образование или не знам што. Застанавме поназад од кој било во регионот. Таква дипломатија за жолтици ние нема да водиме. Ние ќе водиме стабилна политика, политика што ја препознаваат граѓаните, ја поддржуваат и сѐ додека ја поддржуваат, ние ќе се бориме да ја оправдаме таа поддршка - потенцира премиерот одговорајќи на новинарски прашања по седницата на Комитетот за јавни инвестиции.
Оној момент, дополни, кога граѓаните нема да ја поддржуваат владината политика, тоа ќе го покажат на избори.
Во врска со иницијативата на ДУИ за уставните измени, премиерот одговори дека оваа партија имаше можност тоа да го стори кога беше во владата. Според него, ДУИ има кадровски и програмски проблем на кој треба да поработи.
- Дваесетина години беа во владата. Би ги советувал да се посветат на кадровскиот и на програмскиот проблем, да го решаваат, а државните проблеми ќе ги решава Владата што има легитимитет од граѓаните - посочи Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Американските власти објавија видеоснимка од нападот на гала-вечерата со Трамп во Вашингтон
-

Приведен прилепчанец за измама од над 88.000 евра – лажно ветувал лекување во странство
-

Возило излетало од автопатот Скопје–Велес, шест лица извлечени без животна опасност
-

ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата, СОНК останува на дијалог
-

Свежо утро со минусни температури, преку ден променливо облачно со сончеви периоди
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид, поставување камен темелник на катна гaража и увид на градежни работи „Кај Чинарот“
-

По повод 1 Мај дел од паркиралиштата во Скопје бесплатни за граѓаните
-

САД бараат директни преговори Израел–Либан во услови на кревко примирје
