Мицкоски на средба со Македонци кои живеат во Србија

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на Фејсбук информираше дека заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и заменик - министерката за европски прашања, Викторија Трајков, се сретнале со Македонци кои живеат во Србија.
- Состанокот помина во дух на конструктивен дијалог и заедничка визија за иднината. Во фокусот беше испратена силна порака за обединување и сплотеност на Македонците во Србија. Беше истакната важноста од координирана и континуирана комуникација, при што Македонскиот национален совет ќе има улога на главен и синхронизиран канал за поврзување и застапување на интересите на заедницата, пишува во објавата.
Соговорниците се согласиле дека само преку заедништво, взаемна поддршка и институционална координација може да се обезбеди посилен глас и подобра иднина за Македонците во Србија.
- Средбата доаѓа во пресрет на одбележувањето на 80-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина, се додава во објавата.
МИА
Ново на Сител
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
-

СДСМ: Срамни обиди за рехабилитација на осудените за 27 април
-

Стартува реконструкцијата на Универзална сала
-

Државата се дигитализира, но не сите со исто темпо
