Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе оствари средба со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата, информираат од владината прес-служба.
Претходно на 5-ти овој месец во Владата се одржа средба со претставници на УПОЗ, по чие завршување претседателот на овој синдикат Трпе Деановски информираше дека Владата го прифатила нивното барање, но, како што истакна, не во целост.
- Како што најавуваме минатата година, зголемувањето ќе биде на неколку години, на 3 рати, по 8 проценти, за жал, не по 10. Пак ќе повторам, за жал, не ги добивме минатата година, меѓутоа, еве, Владата прифати да ги исплаќа од сега со почетокот од март преку начин што сите институции од државната управа и правосуството, значи судовите, обвинителствата... ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право, рече Деановски.
Појасни дека за ова да се реализира, треба се спреми текстот на овие колективни договори заедно со претставниците на Владата и Синдикатот. Потоа договорите треба да бидат ставени на гласање пред органите и телата на Синдикатот.
Тој нагласи дека ако членовите ги прифатат договорите, ќе може веднаш да се продолжи со нивно потпишување.
- Доколку не прифатат, Владата ќе добие наш одговор дека веќе е изгубена една година, а работниците можеби ќе бараат и повисоки износи од она што сега е понудено и ди видиме дали ќе има условување од Владата за откажување од нешто другото, изјави Деановски.
На 6 февруари од УПОЗ информираа дека за 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ, е прифатлив договорот со Владата зголемување на платите за 40 проценти.
- По изјаснувањето на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот на наредната недела ќе оствари работна средба со претставниците на Владата, на која ќе бидат договорени опфатот и теркот на колективниот договор, најавија тогаш од УПОЗ.
Претходната средба следуваше откога премиерот даде понуда за раст на платите за која УПОЗ потврди дека е прифатлива и дека дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.
МИА
Ново на Сител
-

Околу 14.000 патници поминале преку ГП „Богородица“ кон Грција во изминатите 24 часа
-

Претставен новиот „Адидас“ дрес на македонската фудбалска репрезентација
-

Нафтата повторно поскапува: „брент“ скокна за 50 отсто по кризата во Ормуска Теснина
-

Приведени седум лица за обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје
-

Анализа: Платите на директорите на најголемите фирми во светот лани растеле 20 пати побрзо од платите на работниците
-

Претрес во скопско, пронајдена дрога, приведено едно лице | ФОТО
-

ЛЕ: Гол предност за Нотингем Форест и Брага
-

Сиљановска-Давкова: Да градиме општество во кое трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат
