Македонија
17. November 2023 - 16:36

Мицкоски: Има напредок за заеднички избори

Добро е што има напредок меѓу владините коалициски партнери за заеднички претседателски и парламентарни избори. Ова е првата реакција на опозицискиот лидер Мицкоски откако вчера албанските владини партнери ДУИ и Алијанса излегоа со став дека двојни избори на пролет се прифатливо решение и дека на ниво на владина коалиција наскорор ќе има и договор.

Иако од партијата на Ахмети не зборуваат отворено за можни датуми, првиот вицпремиер Груби веќе и пресмета дека политичката влада на Ковачевски има мандат уште најмногу два месеци, што укажува на избори крај на април или почеток на мај.

Но, додека албанските партнери се похрабри во изјавите, функционерите на СДСМ се уште без конкретни одговори.

Најголемите политички партии повеќе од еден месец не можат да седнат на заедничка маса за да се договорат околу тоа кога и како ќе се одвиваат двата вида избори до година. Преговорите наместо во парламентот, како што првично се најавуваше, сега се водат преку јавни изјави на страните.