Мицкоски: Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимално најниски цени

Годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи во јули годинава да биде под 3 проценти. Таа цел е дефинирана на вчерашната средба во Владата со претставници на најголемите ланци на маркети, а во таа насока, како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ќе се одржат средби и со производителите и дистрибутерите и добавувачите. Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат ќе прави споредбена анализа помеѓу цените на ист производ на добавувачите кон маркетите и цените на маркетите за тој производ кон потрошувачите за мај годинава споредено со мај лани. Целта, вели Мицкоски, е да се види што е тоа што креира состојба да имаме зголемени цени на основните прехранбени производи.
Мицкоски на новинарско прашање порача дека Владата останува посветена на изнаоѓање системски решенија со коишто инфлацијата генерално на основните прехранбени производи ќе се движи на ниво од под 3 проценти. Сите мора да бидеме општествено одговорни затоа што граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимално најниски цени
- Имавме состанок со претставници на најголемите ланци на маркети. Разговаравме за кризата којашто еве, полека но сигурно, барем како што стојат сега работите, завршува. Ги анализиравме ефектите од кризата и заеднички дефиниравме цели коишто треба заеднички да ги да ги исполниме. Една од тие цели е во јули годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи не биде поголема од 3 проценти, односно да биде под 3 проценти. Се согласивме сите. За ова да се реализира потребно е да направиме еден ваков ист состанок со производителите и дистрибутерите и добавувачите. Тоа ќе се случи во наредниот период и потоа сите заедно ќе седнеме на маса и сите заедно ќе бидеме општествено одговорни затоа што граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимално најниски цени, изјави Мицкоски.
Како Влада, дополни, остануваме да бидеме посветени во насока на изнаоѓање системски решенија со кои инфлацијата генерално на основните прехранбени производи ќе се движи на ниво од под 3 проценти. Во мај беше 4, 5 до 4,7 проценти, ако тоа се спореди со соседството, да речеме Грција е над 5 проценти, Бугарија е над 6 проценти, Романија е над 8 проценти, истото е и со Косово, Хрватска и така натаму. Нешто помала од 3 и 4 е Србија и Албанија. Нашата цел е во јули да почнеме со под 3 проценти годишна промена на цените на основните прехранбени производи и оваа задача си ја поставивме и ние како Влада, но и но и претставниците на најголемите ланци на маркети во Македонија, рече Мицкоски,.
Анализирани се, иформира премиерот, и потенцијални чекори од страна на Владата доколку не бде испочитувано договореното.
- Ги анализиравме сите објективни состојби коишто тие вчера ги кажаа. Анализираме и промена на одредени законски решенија во насока на поуспешна реализација на оваа цел или во иднина цели коишто ќе си ги поставиме. Тоа што е од страна на Владата ќе биде испорачано, останува тие тоа да го испорачаат. Истовремено, Државниот пазарен инспекторат доби задача да направи компаративна анализа помеѓу цените на еден ист производ, еден ист артикл на добавувачите кон маркетите и цените на маркетите за тој ист производ кон потрошувачите, граѓаните, за месец мај 2025-та споредено со месец мај 2026-та. Да видиме, што е тоа кое што тука креира состојба да ние имаме зголемени цени на основните прехранбени производи. Нашата цел е основните прехранбени производи, не е - тутунот и производите од тутун, алкохолните пијалоци или друг тип на акцизна роба. Зборуваме за основни прехранбени производи, тоа што им е неопходно на граѓаните, рече Мицкоски, кој присуствуваше на промоција на учебници во ОУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром.
На прашањето дали се сомнева во злоупотреба кај цените од минатата година досега, одговори - Не, јас сум човек којшто е следбеник на амерканската изрека „Верувај, но проверувај“.
Претходно, Мицкоски за исходопт од вчерашната средба со претставниците на маркетите сподели објава на Фејсбук, а во пресрет на средбата упати порака дека кризата завршува и сега трговците и дистрибутерите се на ред да им се одолжат на граѓаните за трпението и да ги намалат цените на основните прехранбени производи.
МИА
Ново на Сител
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
-

Официјално претставување на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за вештачка интелигенција
-

АХВ добитник на втора награда за управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација
-

Девет пријави за семејно насилство за 24 часа во државата, четворица приведени
-

Нето платата во април 48.779 денари
-

Утре нестабилно време, сончев и топол викенд во најава
