Мицкоски: Годинава нема избори, таа е реформска и година на консолидација

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека годинава нема да има предвремени избори и оти ова е реформска година и година на консолидирање. Би сакал, вели, да има редовни парлемантарни избори во 2028 година, но ВМРО-ДПМНЕ како партија е подготвена доколку тие се одржат една година порано.
- Некои од партиите се исплашија од оваа изјава за избори. Но мојот став го знаете, дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори, кои ќе се одржат набргу, пролетта 2028 година - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање за став за неговата вчерашна изјава, која одредени партии ја протолкувале како најава за избори.
Во врска со тоа дали 2027 година е опција, премиерот Мицкиски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш е подготвена да оди на избори и да победи.
- Но она што ние сега го правиме и она што го има нашиот фокус е тоа да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност и да го зголемиме стандардот на граѓаните - рече Мицкоски.
Рече дека тоа што споменал оти набргу може да има избори, значи дека такви се законите и оти тие се одржуваат на секои четири години.
MИА
Ново на Сител
-

Демографската слика во Македонија загрижувачка – Владата со 20 годишна стратегија за иднината на државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Македонија домаќин на Регионална конференција за справување со демографските промени
-

Муцунски: Услови за уставни измени нема
-

Берсе од Скопје: Наскоро решение за пресудите на ЕСЧП против Бугарија
-

Одбележан 7 мај – Денот на македонската полиција
-

10 претстави во официјална конкуренција на 60-от МТФ „Војдан Чернодрински“
