Мицкоски го одби Ковачевски: Датум за избори не се договара во правда туку во Собрание
ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работната група за Изборниот законик во министерството за правда за да се одредат датумите за претседателски и парламентарни избори. Мицкоски децидно го одби вчерашниот повик на Ковачевски опозицијата да се вклучи во постојното тело за да се реши и ова прашање. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека единствена институција каде би можел да се договара датум за избори е парламентот.
Мицкоски потврди и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се вклучи во работната група во правда дури ни за измените во изборното законодавство. Партијата уште лани одби учество во ова тело, иако Мицкоски вели дека пратеничката група во Собранието ќе учествува во донесувањето на измените на Изборниот законик поврзани со барањата на ОБСЕ/ОДИХР.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со свои очекувања и од посетата на претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен во понеделник. Вели дека таа треба да ни соопшти дека Брисел безусловно ќе ги почне преговорите со Македонија.
Домаќин на посетата на Фон дер Лајен во Скопје ќе биде премиерот Ковачевски кој во најавата за нејзиното доаѓање рече дека не е притисок врз опозицијата за прифаќање на уставните измени пред изборите.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
