-->
-->
Мицкоски: Ако опозицијата поднесе барање во Парламент за избори, ќе прифатиме и ќе ги победиме
-->

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговорајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори, Мицкоски напомена дека оваа Влада ја доби довербата од народот за да ја води државата четири години.
-Оваа Влада ја доби довербата од граѓаните да го води мандатот четири години. Имаме редовни избори во април 2028 година, но ако опозицијата поднесе барање во Парламанетот за предвремени избори, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, потенцира Мицкоски по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тензично во советот на Кисела Вода
-

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
