Меси: Што и да се случи во финалето, Аргентина веќе напиша историја

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, им се обрати на своите соиграчи, тренери и персонал.
– Најубавото нешто во текот на сите овие години никогаш не биле само титулите, туку целото патување. Споделувањето на секој ден со овој тим, натпреварувањето заедно, издигнувањето на висината на пригодата и уживањето во секој чекор.
Благодарам на секој од моите соиграчи, тренерскиот персонал и на сите што работат секој ден за да го направат овој тим семејство.
Што и да се случи во финалето, овој тим веќе напиша историја што никогаш нема да ја заборавиме и што никој не може да ја избрише, напиша 39-годишниот фудбалер на социјалните мрежи.
Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина ќе се одржи вечер на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њу Џерси, САД, во 21 часот по македонско време.
МИА
Ново на Сител
-

Прилеп има градинка, но нема негувателки
-

Штип ги стипендира најуспешните млади ученици спортисти
-

Охрид и Струга со потенцијал за конгресен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
