Македонија
18. јуни 2022 - 16:32

Мерко: Туризмот нема да трпи, Струга ова лето со нови плажи

Струга ова лето со нови плажи .Ќе се издаваат локации и по теркот на постоечките со договори за закупнина ќе се уредуваат капалиштата долж езерото.И додека Охрид чека да се изработи планот на крајбрежјето кое што постојано е под будно око на Унеско ,градоначалникот Рамиз Мерко вели дека не смее да трпи туризмот и најавија зголемување на понудата за туристите и плажи со лежалки ,чадори ,шанкови и урбана опрема.

Струшкиот градоначалник останува на ставот дека плажите не се дивоградби бидејќи општината им наплатува на приватните лица кои го користат државното земјиште .

Градот на мостовите преку промотивни материјали и учество на саеми привлекува се поголем број на туристи ,ова лето се очекуваат огромен број на гости од земјава и странство но и од печалбарите од овој крај.