Меган Фокс веќе не ја крие својата нова врска
Истиот ден кога нејзиниот поранешен сопруг Брајан Остин Грин беше затечен од папараците со новата девојка Кортни Стоден (инаку 21 година помлада од него), глумицата Меган Фокс, „официјално“, им призна на своите обожаватели дека се гледа со четири години помладо момче – раперот Машин ган Кели.
Јавноста, всушност, и претходно знаеше дека Меган и Кели (вистинско име: Колсон Бејкер, 30-годишен), се во врска, но сега двојката само го потврди тоа.
Имено, прво, на новообјавените папарацо-слики од Калифорнија, се гледа како глумицата и раперот не се ни трудат да глумат пред фотографот. Додека оделе кон автомобилот се сликани како се држат за рака, а во возилото следел страстен бакнеж.

Подоцна, раперот на Твитер напиша: „Ќе те нарекувам моја девојка, што ги вртам… Животот ја имитира уметноста на тоа.“
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
