Меџити за најавената реконструкција на Владата: Деновиве треба да разговараме за принципите и дали ќе одиме со промена на ресори и имиња

По најавите за реконструкција на Владата во втората половина на јуни, копретседателот на „Вреди“ и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска изјави дека во наредните денови се очекува да се разговара за принципите и за можна промена на ресори и имиња.
Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Албанскиот саем на книгата денеска во Скопје, Меџити рече дека во договор се со партнерите во Владата оти ќе има реконструкција.
- Деновиве треба да седнеме и разговараме за принципите и дали ќе одиме со промена на ресори, имиња и така натаму - изјави Меџити.
Премиерот Христијан Мицкоски, завчера, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на новиот базен „Карпош“, најави дека во втората половина на јуни ќе седне со владините партнери за да разговараме за натамошните чекори во однос на работата на Владата.
- Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери и ќе разговараме за понатамошните чекори. Тогаш ќе се добие и појасна слика за идната структура - рече Мицкоски.
Во врска со тоа какви други промени ќе има, Мицкоски рече дека тоа е динамичен процес и дека во моментот се посветени на внатрепартиските реорганизации и преструктуирања.
- Планираме овие активности да ги завршиме до средината на јуни, а потоа, во втората половина на месецот, да седнеме со коалициските партнери и да разговараме за следните чекори - додаде Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
-

Телеком донира опрема за училишта
-

Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
-

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари
