Македонија
25. August 2023 - 16:31

Меџити ќе бара наместо 5, државните специјалисти да работат 10 години во ЈЗУ

Медицинскиот факултет во Тетово годинава за првпат распишува оглас за 25 специјализации. Факултетот за медицински науки во Штип има помалку од тетовскиот и 19 лекари добиваат можност да станат специјалисти а најмногу, или 312 е бројката за специјализации на факултетот при УКИМ. Од педијатри, анестезиолози, хирурзи, до патолози и микробиолози се специјалностите во огласите согласно барањата и потребите на здравствените установи. За овој готов кадар потоа да не замине во приватниот сектор или во странство, министерот за здравство ќе бара законски подолго време да останат во установата која го платила нивното усовршување.

Специјазизации за 2023 во трите медицински факултети

  1. Медицински факултет – УКИМ – 312 специјализации
  2. Медицински факултет во Штип – 19
  3. Медицински факултет –Тетово - 25

-Тие се такви законски мерки. Но јас и тоа го разгледав кога дојдов како министер. Тој рок треба да биде подолг, и јас како министер ќе барам, ако е на приемр 5 години да биде 10 години како обрска лекарите да останат во јавното здравство и потоа нека си одлучат, вели Фатмир Меџити, министер за здравство.

Според објавениот оглас на медицинскиот факултет во Штип, најмногу специјалзиации има за педијатрија за потребите на здравствени домови, како и радиолози за болниците во Кочани и Штип.

Повеќе од 30 специјализации има за битолската болница и тоа од сдите специјалности. Во оваа здравствена установа освен недостаток на кадар имаат проблеми и со недоволен број на специјалисти поради што некои одделенија едвај кубурат.