Маж и жена во САД убиле бремена жена за да и го земат бебето

Маж и жена кои живееле заедно како невечана двојка, се осомничени од полицијата во сојузната американска држава Северна Дакота, за убиство на бремена жена за да и го земат бебето која таа се уште го носела во својата утроба и да го прикажат како свое дете. Савана Лафонтен-Грејвинд (22) била бремена во осми месец, кога пред три недели, полицијата добила известување дека е исчезната.
Пред два дена, меѓутоа, нејзиното мртво тело било откриено во коритото на Црвената Река, завиткано во пластика. Според американските медиуми кои му посветуваат големо внимание на случајот, локалната полиција од градот Фарго, смртта на Лафонтен-Грејвинд ја означила како убиство, а невенчаната двојка- маж на 32 и жена на 38 години, биле уапсени и задржани во притвор.
Медиумите јавуваат дека во досегашниот тек на истрагата, тие даваат различни верзии за тоа како се случило да се грижат за здравороденото новороденче, откако сега убиената млада жена, била во нивниот стан, на денот кога било пријавено нејзиното исчезнување.
Полицијата верува дека бебето е ќерката на Лафонтен-Грејвинд, но властите се уште ги немаат добиено наодите од ДНК тестовте. Осомничената жена се бранела дека ја повикала Лафонтен-Грејвинд во станот само за да ја информира како да се породи, но уапсениот маж и партнер им изјавил на полициските инспектори дека кога се вратил од работа, ја видел својата партнерка како ја чисти бањата од крв.
Полициски извори рекле за локалните весници дека се верува оти станува збор за насилно убиство, но се уште не може да утврдат како новороденчето се нашло во станот на двајцата уапсени.
Мажот и жената освен што се обвинети за убиство, би можеле да бидат обвинети и за киднапирање и за лажење во истрагата.
Ново на Сител
-

Актерството ме научи дека можам да успеам во секоја улога | Марија Јанчевска | Sitel Podcast 145
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција
-

Боко Харам уби 23 војници во Чад
-

Трамп: Иран нема никакви шанси
-

Иран ги обвини САД за убиство на пет цивили во два трговски брода во Ормуската Теснина
-

Сиљановска-Давкова: Да го чуваме македонскиот јазик, да го браниме од негирања, оти без него не сме тие кои сме, ниту ќе останеме свои
-

Во Собранието завршија интервјуата на петте кандидати за член на ДКСК
-

23-годишник од тетовско се сретнал со шест лица за да расчистат недоразбирање, наместо тоа, почнал да пука кон нив
