Македонија
17. јуни 2026 - 16:48

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano

По повод својата 5-годишнина, Matto Napoletano ја реализираше хуманитарната иницијатива MATTO FOR GOOD, во поддршка на СОС Детско село Северна Македонија.

За оваа специјална пригода беше подготвено ексклузивно бранч мени со авторски пици и пасти, креирани само за настанот, збогатено со Pizza Cook Experience, DJ сет и музички настапи на sempremusic и theaft3r, во уникатна open garden атмосфера.

Посебна чест ни претставуваше присуството на амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Паоло Палминтери, како и на бројни пријатели, партнери и поддржувачи на иницијативата.

Matto Napoletano упатува искрена благодарност до сите гости, партнери, медиуми и пријатели, како и до целиот свој тим, кој со голема посветеност придонесе за успешната реализација на оваа хуманитарна приказна.

MATTO FOR GOOD уште еднаш покажа дека кога хуманоста, заедништвото и добрата волја се спојуваат, заедно можеме да направиме вистинска разлика.