Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
Преголемата урбанизација го менува ликот на градот. Автентичноста се нарушува со амбицијата и желбата за изградба на висококатни и големи објекти, кои сè повеќе, во желбата за профит и удобност, се доближуваат до брегот на езерото.
Граѓанските активисти сметаат дека доколку се продолжи вака ќе се изгуби Oхридското Eзеро не се води сметка на кои места со какви се мaтеријали се гради.
Архитектите пак посочуваат дека во битката помеѓу новиот урбанистички бран и автентичното, бетонот во последниве години е во голема предност.
И покрај предупредувањата на експертите и заложбите на институциите кои можат да направат нешто, а и забелешките на УНЕСКО во врска претераната експанзија, Охрид и понатака останува во врвот на листата на градови кои во последниве неколку години бележат интензивна градба.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
