Македонија
9. August 2023 - 16:33

Манифестот на власта причина за нови поделби

Се трошат шансите што ВМРО-ДПМНЕ ги добива за да се приклучи во проверопскиот фронт, велат од владејачката СДСМ од каде втор ден повикуваат опозицијата да се приклучи на нивниот Манифест за водење на преговорите со Брисел и побрзо да се донесат уставните измени.

Од партијата на Мицкоски пак, без променет став. Велат прво да го добијат манифестот, па потоа ќе одлучат дали е вреден за разгледување. Сметаат дека готов документ од власта не е национален консензус.

Владејачката коалиција на СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците и 8 други помали партии вечра објавија Манифест по повод уставните измени. Освен барањето тие што побрзо да се донесат, во документот се наведува дека Владата во преговорите со Брисел мора да внимава на јазичниот, историскиот и културниот идентитет на македонскиот народ.