Македонско-српски бизнис форум во Скопје на кој ќе присуствува и премиерот Мицкоски

Над 200 компании и најмалку 300 учесници ќе бидат дел од денешниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје со цел интензивирање на економската соработка. На бизнис форумот најавено е обраќање на претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
Пред одржување на форумот, во Владата на Република Северна Македонија, заменик -претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и заменик-претседателката на Владата на Република Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ ќе потпишат Меморандум за разбирање.
Стоилковиќ и Месаровиќ вчера ги посетија компанијата „Пекабеско“ и винаријата „Камник“, а во изјава за медиумите оценија дека потенцијалот за соработка меѓу двете држави е голем особено во делот на прехранбената индустрија. Тенденција, како што посочија, е да се зголеми размената.
Годинава, двете земји бележат раст во размената, но потенцијалите се многу поголеми од она што се остварува.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ ги реализираше заканите - не дојде на состанок на работната група за Изборен законик
-

Раде Трајковски-Штекли осуден на осум години затвор
-

Можно е дополнително намалување на акцизата за бензините, ДДВ-то на дизелот останува исто
-

Во првиот квартал потрошени речиси 2/3 од планираниот буџетски дефицит за цела година
-

Новиот закон за сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
