Македонија
12. May 2024 - 16:49

Македонските водичи бараат поголеми контроли од инспекторите

Странските туристички водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети.За празниците кога во Охрид имаше голем број на туристи а и во летниот период се почеста е појавата на организирани групи кои самите си носат водичи иако согласно законот за туризам тие мора да бидат придружувани од локален лиценциран водич.

Македонските водичи бараат туристичките инспектори да излезат на терен за да исконтролираат кој и како ја испревртува историјата за да се спречи ваквата појава која прави огромни штети.

Туристичките водичи се децидни дека при презентирање на нашето културно- историско богатство и нашата историја не смее да има грешка,посочувајќи дека најкритично е во Свети Наум каде странските агенции речиси и воопшто да не се ангажираат македонски водичи.