Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига

Македонската машка одбојкарска репрезентација влегува во финална фаза од подготовките за ЦЕВ Европската златна лига, во рамки на која првиот турнир ќе го одиграат овој во Братислава.
Подготивките во базата во Струмица се одвиваат според планираното, а сите 15 репрезентативци кои на располагање ги има селекторот Јошко Миленкоски се здрави.
„По две недели напорна работа викендов им дадов два дена слободни на играчите и од понеделник рано наутро се вративме во Струмица продолжуваме со подготовките. Влегуваме во онаа популарно наречена финална фаза. Почнавме со видео анализа на противниците и тактичка подготовка“, изјави селекторот Миленковски за официјалниот сајт на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ).
Прв противник на македонските одбојкари ќе биде Финска, в сабота од 15 часот, по што на 8 јуни следува дуелот против домаќинот Словачка во истиот термин.
„Малку пријателски натпревари се играа периодов, но имаме некои информации и работиме според нив. Нормално, прво се фокусираме на Финска со оглед на тоа дека со нив го отвораме натпреварувањето. Најважно во моментов е дека сите се здрави, расположени за работа и дека сè тече според планот. Се надевам дека така ќе биде и во следните три недели.“, посочи Миленковски.
Ново на Сител
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
