Македонските каратисти со 58 медали и прво место на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија

Македонската карате репрезентација оствари извонреден успех на ЕТКФ Европскиот куп за деца, што се одржа вчера во „Овергас Арена“ во Софија, Бугарија, освојувајќи вкупно 58 медали и прво место во генералниот пласман.
Како што информира Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), македонските натпреварувачи освоија 17 златни, 14 сребрени и 27 бронзени медали, со што се пласираа на врвот меѓу учесниците на турнирот.
Второто место во генералниот пласман го освои Турција, додека третопласирана беше репрезентацијата на Бугарија, која беше домаќин на натпреварувањето.
Посебен придонес за успехот на македонскиот тим дадоа Филип Недев, Тадеј Недев, Мартина Зафировска, Михаил Стојановски, Мила Владев, Георги Кокорманов, Драган Стојановски и Александар Зафировски, кои освоија повеќе златни медали во своите категории.
Од МТКФ информираат дека денеска во Софија продолжуваат натпреварите од Европското првенство за сениори, јуниори и кадети, на кои ќе настапат и македонските репрезентативци.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
