Македонија
24. October 2023 - 12:24
Македонија се соочува со недостиг на археолози
Во земјава има недостиг од археолози, а нема нови вработувања. Иако институциите кубурат со стручен кадар, голем дел од оние кои дипломирале се невработени, а изминативе години намалени се и археолошките истражувања и заштитата на културното богатство.
Добрите познавачи предлагаат за сузбивање на криминалот во археолошките локалитети кои ја преставуваат нашата историја да има советник за археологија во општините .
За жал капацитетите на надлежните институции кои треба да одговорат брзо со истражувања кои би произлегле од евентуални откритија се мали, тие немаат доволно археолози кои би ги воделе овие заштитни истражувања.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
