Македонија падна на судството и корупцијата
Собранието, судството и борбата со корупцијата добија најсериозни критики од Европската унија.
Нема напредок во правосудството, ниту во борбата со корупцијата нотира најновиот извештај на Европската комисија.
Посебно внимание извештајот одбрнува на бројните скандали во Судскиот совет, оставката на Црвенковска поради политички влијаниа и контроверзното разрешување на Дамева
Судскиот систем на Северна Македонија е помеѓу одредено и умерено ниво на подготовка. Нема напредок во однос на судството во текот на извештајниот период. Судскиот совет треба да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите и институциите и треба да се спротистави на секое надворешно влијание. Контроверзното разрешување на претседателот на Судскиот совет предизвика загриженост за несоодветно политичко влијание, пишува во извештајот
Комисијата изразува загриженост и за измените на Кривичниот законик, кој според нив не придонесе за напредок во борбата со корупција
Корупцијата останува распространета во многу области и е загрижувачко прашање. Се зголемија одложувањата и превртувањата на судењата на случаите на корупција на високо ниво, што резултираше во некои случаи со истекување на статутот на застареност. Кривичниот законик е изменет по забрзана собраниска постапка. Максималните законски казни за конкретни кривични дела поврзани со корупција беа намалени, што имаше импликации врз примената на застареноста и влијаеше, стопираше или дури прекина голем број случаи на корупција на високо ниво
Злоупотребата на европското знаменце е меѓу критиките за законодавниот дом.
„Знамето на ЕУ“ треба да се користи кога е директно поврзано со усвојувањето на закони чија главна цел е усогласување со правото на ЕУ, а не за кратка јавна дебата за важни прашања, советува комисијата.
Работата на собранието според нив е нарушена и од политичката поделеност која спречува носење на реформски закони важни за приближување до унијата.
Еврокомесарот за проширување вели дека земјите кандидатки ќе добијат и помош за спроведување на реформите.
Препораките на унијата остануваат речиси исти: подобра имплементација на стратегијата за спречување на корупцијата, поголема поддршка за обвинителството за организиран криминал и корупција за да се обезбеди ефективна одговорност за корупцијата на високо ниво, за што се потребни навремени и професионални истраги, правосилни пресуди и конфискација на нелегално стекнат имот.
Според шефицата на европската комисија денешниот ден е историски. Комисјата препорача почеток на преговори за Украина и Молдавија, а Грузија доби статус на земја кандидат.
Извештајот на комисијата оди и во рацете на Европскиот совет, лидерите на земјите членки ќе ги разгледуваат препораките на самиот кој ќе се одржи на 14 и 15 декември.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
