-->
-->
Македонија остана без четвртфинале на Европското првенство „Б“ дивизија
-->
Македонската кадетска кошаркарска репрезентација вечерва ја совлада селекцијата на Австрија со 95-88 и ја оствари третата победа на ЕП „Б“ дивизија.
Сепак Македонија нема да настапи во четвртфиналето на ова натпреварување, бидејќи претходно денеска Шведска славеше над Естонија. Скандинавците со 78-77 го совлада противникот, а овие две селекции и Македонија на крајот завршија со по 7 бода во групата, но ние имаме најлоша кош-разлика.
Македонската селекција ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место. Идната година повторно ќе се натпреваруваме во „Б“ дивизијата.
Што се однесува до вечерашниот меч, најдобар стрелец за нашиот тим беше Цветковски со 25 поени, додека кај Австријците, Вицман постигна 26 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
-

Преглед на вестите од светот
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
