Македонија
21. September 2026 - 10:31

Македонија официјално има Гинисов рекордер: Кристијан Бајовски направи 1.257 склекови за еден час со 9 кг тежина

Македонецот Кристијан Бајовски и официјално стана Гинисов рекордер, откако Guinness World Records го потврди неговиот резултат од 1.257 склекови направени за еден час со дополнителна тежина.

Рекордот Бајовски го постави на 28 јуни 2026 година во Скопје, изведувајќи ги склековите со гради до под и со ранец тежок околу девет килограми.

По завршувањето на процедурата за верификација, неговиот резултат е објавен и на официјалната страница на Guinness World Records.

Со направените 1.257 склекови за 60 минути, Бајовски го надмина претходниот рекорд од 1.208 повторувања.

На официјалниот сертификат се наведени неговото име, постигнатиот резултат, Скопје како место каде што е поставен рекордот и датумот 28 јуни 2026 година