-->
-->
Македонецот Калин во второто коло на Вимблдон
-->
Големата македонска тениска надеж Калин Ивановски се пласира во второто коло на јуниорскиот турнир на Вимблдон.Македонецот одигра трилер меч против домашниот тенисер Лука Поу кој за овој настан доби вајлд карта и беше многу мотивиран истата да ја оправда пред публиката во Лондон. Британецот направи два брејка во првиот сет и истиот го доби со 6-3, па воден од таа енергија одличен беше и во вториот каде дојде до предност од 4-2 во гејмови.
Од тука почна будењето на нашиот Калин кој ги доби наредните четири гејма и го реализираше сетот со 6-4. Ивановски продолжи вака да игра и во завршната рунда во која двапати му го одзема сервисот на Поу и со 6-2 дојде до наредната фаза на престижниот турнир.
Таму ќе се сретне со подобриот од Родриго Пачеко Мендез (11 носител) и Алесио Басиле.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
