„Мајкрософт“ сака да го купи „Дискорд“ за 10 милијарди долари

Американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“ е во преговори за купување на социјалната мрежа „Дискорд“, за 10 милијарди долари, објави „Блумберг“.
Според извори запознати со преговорите за зделката, „Дискорд“ разговара и со други потенцијални купувачи, но сè уште не е потпишан договор. Постои и мислење дека компанијата е поверојатно да излезе сама на пазарот и во јавноста, отколку да биде продадена.
Главно, разговорите меѓу „Дискорд“ и „Мајкрософт“, досега биле околу проценката на интересот на компанијата. Преговорите со социјалната мрежа ги води Фил Спенсер, шеф на одделот „Икс-бокс“ во „Мајкрософт“, што развива конзоли за игри.
Создадена 2015 година, социјалната мрежа „Дискорд“ е замислена како платформа за гејмери и во мигов има над 100 милиони активни корисници месечно.
Ново на Сител
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
