Лука Кипровски влегува во WAKO PRO водите – дуел со шампионот Кликавац во Црна Гора

Македонскиот кикбоксер Лука Кипровски во сабота (28 март) ќе го има својот прв настап во WAKO PRO, каде ќе се соочи со црногорскиот шампион Лазар Кликавац. Борбата ќе се одржи во хотел „Splendid“ во Црна Гора, во категоријата до 86 килограми, во К1 дисциплината (3 рунди по 3 минути).
Кипровски, кој настапува за клубот „Шампион – Магнус Тим“, под водство на тренерот Дејан Митровски Урко, влегува во овој меч како технички подготвен и искусен борец. Двајцата ривали требаше да се сретнат уште минатата година на Светското првенство во Абу Даби, но до тоа не дојде поради намалувањето на тежината на македонскиот репрезентативец, кој тогаш настапуваше во пониската категорија до 81 килограм.
Оваа година, тимот на Кипровски одлучи да направи исчекор и да се испроба во повисока категорија, и тоа веднаш на професионално ниво.
Борбата ќе се пренесува во живо на „Arena Fight“, а од македонскиот табор очекуваат победа и успешен старт во WAKO PRO конкуренцијата.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
