Литванија покрена постапка за укинување на уставната забрана за нуклеарно оружје

Литванија на почетокот на јули покрена постапка за укинување на уставната забрана за распоредување нуклеарно оружје на својата територија, приклучувајќи се кон регионалниот безбедносен пресврт што во јуни го започна Финска меѓу членките на НАТО што граничат со Русија.
Литванскиот претседател, Гитанас Науседа, соопшти дека парламентарните партии постигнале согласност од Уставот да се избрише членот 137, кој изречно забранува распоредување оружје за масовно уништување на литванска територија.
„Геополитичката ситуација се влошува. Нашиот Устав е донесен во време кога околностите беа сосема поинакви“, изјави Науседа, нагласувајќи дека во моментов не постојат конкретни планови за складирање нуклеарно оружје во Литванија.
Министерот за одбрана, Робертас Каунас, ја образложи иницијативата со оценката дека Литванија практично останала единствената членка на Алијансата со експлицитна уставна забрана од таков вид што, според него, ја ограничува можноста земјата целосно да ги искористи одбранбените капацитети на НАТО.
Потегот на Литванија доаѓа во период кога и други нордиски и балтички земји јавно сигнализираат подготвеност да примат нуклеарно оружје на НАТО.
Естонија, Шведска и Данска во последните месеци изразија подготвеност за таков чекор, додека шведскиот премиер Улф Кристерсон потврди дека Стокхолм веќе разговара со Лондон и Париз за прашањата поврзани со нуклеарното одвраќање.
МИА
Ново на Сител
-

Врничкото насилство не запира
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
