-->
-->
Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
-->

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР-Скопје вчера во 23:45 часот на патот помеѓу селата Шишево и Грчец на подрачјето на општина Сарај ги лишија од слобода Н.С.(54) од село Сарај и Р.С.(58) од село Крушопек.
При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки „Бајкал“, калибар 12 мм, 22 ловечки патрони и други предмети.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
