Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница

Полициските службеници од РЦГР Север денеска околу 08:00 часот постапувајќи согласно Оперативниот план за спречување на криумчарење преку државната граница, на подрачјето на с. Танушевци, поточно на граничната линија помеѓу с. Танушевци и с. Мијак, забележале лица како вршат претовар и размена на стока во товарно возило „фолксваген“ со косовски национални ознаки и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки - соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Веднаш се преземени соодветни мерки и активности за запирање на возилата и легитимирање на лицата, по што од слобода е лишен А.А. (43) од Скопје, кој го управувал возилото „пежо“, додека возачот со возилото „фолксваген“ се дал во бегство на косовска територија. Воспоставена е координација со припадници на косовската полиција - Task Force, кои презеле мерки за негово запирање, при што возилото излетало од патот, се наведува во соппштението на Министерството.
Од МВР посочуваат дека двете возила се одземени за понатамошна постапка, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Тема на денот со потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Транспортерите на предупредувачки протест ако нема решение, ќе ги блокираат границите
-

Вишото Обвинителство ја врати истрагата за Мазутот во ТЕЦ Неготино - утврдени слабости во вештачењето
-

Случајот „Михаилова“ под лупа на бугарската политика
-

Гаши: Нема да дозволам злоупотреба на Деловникот да доведе до избори
-

Партиски обвинувања - дали се преговара за државен или приватен дата центар?
-

За 10 години бројот на првачиња намален за 10 000
