Лига на шампиони: Висок пораз на Еурофарм Пелистер од Висла Плоцк

Ракометарите на битолски Еурофарм Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во Лигата на шампиони, откако вечерва на гостувањето во полски Плоцк загубија од домаќинот Висла со 26-18 (13-11) во рамки на 5 коло во групата А.
Македонскиот ракометен првак лошо го отвори натпреварот во Орлен Арена, дозволувајќи му на полскиот тим на средина од првото полувреме да поведе со високи 9-2.
До крајот на првиот дел Еурофарм Пелистер постепено ги консолидираше своите редови и на полувреме замина со негатива од два гола разлика.
Сепак, Еурофарм Пелистер лошо го отвори и второто полувреме и Висла со серија од 4-1 поведе со 17-12, а во 45 минута ја зголеми предноста на недостижни +8 (23-15).
Кузмановски со пет и Борзаш со четири голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер на гостувањето во Плоцк.
Еурофарм Пелистер со еден освоен бод сега е претпоследен на табелата пред гостувањето на крајот на октомври на норвешка Фредериција која е на последното место со пет порази во исто толку натпревари.
Ново на Сител
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
