Левица: 25 години Карпалак - 25 години без правда за бранителите

Делегација на Левица предводена од советникот Боби Илиевски, денеска положи цвеќе на спомен-обележјето кај Карпалак, оддавајќи почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години ги загубија животите во масакрот кај Карпалак - се посочува во соопштението од Левица што Сител го пренесува интегрално.
На 8 август 2001 година, припадниците на македонските безбедносни сили беа нападнати во кукавичка заседа поставена од припадници на УЧК. Во нападот беа убиени Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски.
Четврт век подоцна, државата сè уште нема обезбедено правда за масакрот кај Карпалак. Напротив, со години сведочиме како политичките елити го затвораат прашањето со амнестии, премолчување и политички договори. Во меѓувреме, статусот на бранителите со децении останува нерешен, а семејствата на загинатите се оставени сами да го носат товарот на една неправда која државата одбива да ја исправи.
И денес, наместо отворање на прашањето за одговорноста за воените злосторства од 2001 година, власта продолжува со политика на заборав и релативизација. Истите политички структури кои со години го одложуваат решавањето на статусот на бранителите, денес повторно бараат од македонскиот народ да прифати дека за дел од неговата историја треба да молчи.
Левица ќе продолжи да бара правда за бранителите и одговорност за сторителите на воените злосторства. По 25 години, Карпалак останува отворена рана на македонската држава и потсетник за цената на политичките договори склучени на грбот на оние кои ја бранеа.
Воените злосторства не застаруваат.
Вечна слава на хероите!
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 18 пожари на отворено, четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати
-

Системот ЕЕС прави метеж и доцнења на летовите: Аеродромите принудени повремено да ги исклучуваат контролите
-

Град Скопје: Почна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје - подната фонтана повторно ќе блесне
-

МВР со детали: Загинатото момче со мотор во Радишани е на 19-годишна возраст
-

Тешко повреден 19-годишник откако татко му го турнал по скали
-

Ограбен скопјанец кој побарал помош при вадење на пари од банкомат
-

Тетовец ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца
-

21-годишно момче со мотор загина во тешка сообраќајка кај Радишани
