-->
-->
Летонија последна проверка за македонските фудбалери пред гостувањето во Кардиф
-->

Македонската фудбалска репрезентација вечер ја пречекува Летонија во контролен натпревар. За селекторот Благоја Милевски овој дуел ќе биде можност за проверка пред гостувањето кај Велс.
- Ќе се обидеме да испробаме некои поинакви опции, како на тактички план, а и да видиме физички во каква состојба се сите фудбалери. Летонија е квалитетна селекција, а победа секогаш е во нашите мисли. Секој натпревар е важен. На овој меч сакам да ја видам и пошироката слика на Македонија, мораме да размислуваме и за иднината, изјави Милевски.
Натпреварот ќе се игра на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 18 часот.
Фудбалската федерација на Македонија одлучи влезот да биде бесплатен.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
