Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка

Водечкиот француски спортски медиум Л’Екип се дистанцираше од коментарите на својата водителка која го критикуваше белгискиот репрезентативец Жереми Доку поради неговата желба да го напушти Светското првенство за да присуствува на раѓањето на своето прво дете.
Весникот посочи коментарите на водителката Франс Пјероњ не ги претставуваат вредностите на медиумската куќа.
Пјероњ, во гостување во телевизиска емисија во петокот, го опиша раѓањето како „одвратен момент, во кој таткото е бескорисен“.
„Постојат стотици фудбалери кои би убиле за да бидат во твојата кожа“, рече таа во емисијата, реагирајќи на изјавите на Доку.
Дваесетичетиригодишниот Доку, кој е носител на играта на белгиската репрезентација, претходно изјави деновиве изјави оти „никој не сака да го пропушти моментот на породување“.
Сопругата на Доку, Ширин, треба да го роди нивниот син на почетокот на јули, кога Белгија се надева дека ќе игра во нокаут фазата на Светското првенство.
МИА
Ново на Сител
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
