Македонија
7. April 2023 - 16:30

Лекарите во одбрана на колегите од битолската болница

Обвинителството се уште не го добило обдукцискиот наод за смртта на малата Јана Христовска. Иако официјално не се знае од што починало девојчето, на денешниот светски ден на здравјето – лекарите во одбрана на фелата. Побараа да не се вперува прстот во белиот мантил и вакви инциденти како што го нарекоа случајот во Битола, да не го нарушува угледот и честа на докторите кои се повеќе ја напуштаат земјата.

- Сочувство и жалам за семејството, но прво да се види дали е тоа инцидент, во секоја земја од Токио до Мајами се случуваат смртни случаи. Тоа треба да го сватиме како дел од животот, кој секако треба да се испита, изјави проф. д-р Горан Димитров, претседател на МЛД.

Освен Македонското лекарско друштво и Лекарската Комора побара да престане, како што велат  јавниот линч и осуда врз лекарите и здравствените работници без да се има аргументи за тоа. И додека фелата бара со поддршка да се задржат младите лекари во земјата, речиси сите истражувања покажуваат дека тие си одат поради финансиите и лошите услови за работа. А колку подобрувањето на состојбите во здравствениот систем е ургентно, министерот Меџити ни одговори како лекар.

- Верувајте, ние сме лекари и ние точно знаеме што е итност и што ургентно, барем кај нас во здравството сите работи така се одвиваат, сите се секогаш под итност, вели Фатмир Меџити министер за здравство.

Битолската болница со години не добила вработувања и во моментот имаат потреба од најмалку 100 здравствени работници. Но колку е ова ургентнна состојба кога здравствените власти допрва скенираат каде што треба, нешто што го истражува речиси секој министер за здравство досега.

- Ќе најдеме решение, прво треба да направиме стратегија..побаравме од сите институции здравсдтвени да достават што им треба и секако тоа да има функционалност затоа и не може да брзаме, вели Меџити.

А додека биде готова стратегијата, на денешниот Светски ден на здравјето и 75 години од основањето на СЗО, од МЛД побараа стимулативна регионализација за да фунцкионираат и болниците во внатрешноста а царски рез повторно да има и во кочанската како што било пред 10 години.