Македонија
29. December 2022 - 16:34
Лажни бомби во Македонски пошти
Македонска пошта денеска за прв пат мета на дојавувачите на бомби. Ваква закана попладнево предновогодишно го испразни објектот, а вработените беа евакуирани. Антитероистичите проверки на МВР за кусо време покажаа дека се работи за лажна дојава.
Македонија трет месец е мета на секојдневни дојави за поставени експлозивни направи кои најчесто ги добиваат основните и средните училишта.
Досега МВР поднесе кривична пријава за тероризам против двајца малолетници од Скопје и Кавадарци кои се сомничат дека заканите ги испратиле преку своите компјутери и мобилен телефон.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
