Лажна дојава за бомба го испразни и средното стручно училиште во Охрид
Лажна дојава за експлозивна направа утрово на емаил пристигна и во средното стручно училиште Свети Наум Охридски во Охрид.Директорот Недески за Сител посочува дека веднаш била извршена стандардна процедура за евакуација на учениците и професорите.
Првата смена од наставата била прекината, додека втора смена од наставата се одвива непречно.
Директорот на училиштето истакна дека ваквата најава за поставена бомба предизвикала вознемиренст кај учениците,професорите и родителите .
Дојава за поставена бомба денеска по првпат стигна на електронска адреса на училиште во Охрид.
Ова е прва дојава за бомба во охридско училишта, по серијата лажни дојави во повеќе училишта и институции низ земјава.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека веднаш по добиената пријава вработените и учениците се безбедно евакуирани од објектот и се направени потребните антитерористички проверки.
(„Направени се сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за лажна пријава“,)
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
