Лазаров: Мораме да ја победиме Гвинеја

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е оптимист во пресрет на утрешниот натпревар со Гвинеја во 3.коло на Д-групата на Светското првенство 2025.
- Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот. Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во втор круг. Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме две тешки и исцрпувачки дуели, очекувам тежок натпревар, изјави Лазаров.
И репрезентативното крило Ненад Костески верува во успех.
- Мора да го заборавиме натпреварот против Холандија и да се издигнеме, бидејќи утре не чека последниот дуел од групната фаза, кој за нас значи пласман во главната рунда, нашата главна цел на ова Светско првенство. Иако станува збор за дебитант на овој шампионат и зад себе има два порази мора да бидеме претпазливи, не смее да се потцени ниту еден противник. Мечот против Гвинеја ќе биде различен од останатите, имаат специфичен стил на игра, спротивен од европските земји. Сите сме мотивирани, подготвени за нова борба. Имаме поддршка од публиката и тоа е најважно, нагласи Костески.
Натпреварот Македонија – Гвинеја се игра утревечер од 18 часот.
По две кола лидер во групата е Холандија со 4 бода, Унгарија има 3, Македонија 1, Гвинеја е последна без освоен бод.
Ново на Сител
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
-

Сиљановска: Без финансии нема независно судство
-

Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе почне на 19. септември
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски учествува на годишниот состанок на УО Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
