Лазаров: Мора да создадеме добар колектив, систем што ќе функционира

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е задоволен од текот на подготовките во пресрет на Европското првенство 2026.
-Со оглед на здравствената ситуација кај одредени ракометари, нема да брзаме со конечниот список за Европското првенство. Ќе почекаме да поминат последните тренинзи, па ќе се одлучи кои ракометари ќе патуваат на ЕП. Со федерацијата донесовме одлука за Данска да патуваат 19 ракометари. Задоволен сум од досегашниот тек на подготовките, имаме позитивна атмосфера. Ни следуваат три тест натпревари кои ќе ни послужат за подигнување на формата, затоа што имаме играчи коишто имаат помала минутажа во своите клубови, изјави Лазаров.
Предводникот на „црвено-жолтите“ смета дека е нашата репрезентација мора да создаде силен колектив бидејќи нема премногу поединци што би можеле сами да го понесат товарот на едно големо натпреварување.
-Ние сме Македонија, мала земја и затоа изборот на играчите можеби е најмал во споредба со другите селекции учесници на ЕП. Мора да создадеме добар колектив, систем што ќе функционира. Слабостите што ги имаме треба да ги покриеме, а добрите страни да ги искористиме. Се обидуваме да направиме добра хемија, да функционираме како тим и да играме пожртвувано, потенцира Лазаров.
Во првиот свој натпревар на ЕП 2026, Македонците ќе се соочат со Данска на 16 јануари.
МИА
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
