Македонија
11. December 2022 - 16:31

Кризата ги затвори дуќаните на занаетчиите во Струга

Енергетската криза ги погоди занаетчиите во Струга.Од над 200 пред пандемијата денес има околу 150 регистрирани фирми .Од регионалната занаетчиска комора велат дека голем е бројот на оние кои ставија клуч на врата неможејќи да се справат со преголемите трошоци ,за три години згаснале  50 занаетчиски фирми  а според трендот и највите бројката се очекува да се зголемува.

Речиси и да нема интерес за изучување на занаетите во Струга младите својата иднина ја гледаат надвор од нашата држава.

Од Регионалната занаетчиската комора од Струга посочуваат дека   испратиле барање до Владата за субвенционирана електрична енергија, но се уште не добиле одговор.