Кривична за 18 годишна девојка и две малолетнички за насилството во Куманово
СВР Куманово поднесе кривична пријава П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички девојчиња на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ согласно член 386 став 3 од Кривичниот законик.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 13 март 2026 година околу 18 часот. Осомничените повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ во Куманово.
Таму најпрво ја навредувале, а потоа физички ја нападнале, при што целиот напад го снимале со мобилен телефон.
По нападот, според пријавата, осомничените ѝ се заканиле на малолетничката да не го пријавува случајот и да не зборува за видеото, предупредувајќи ја дека во спротивно ќе ѝ се случи нешто уште полошо.
Против осомничените е поднесена кривична пријава, а случајот ќе добие понатамошна судска постапка.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
