Македонија
19. јуни 2026 - 14:28

Кривична против неготинец, осомничен дека без документација изградил објекти и вршел угостителска дејност

ОВР - Неготино, до Основното јавно обвинителство - Кавадарци, поднесе кривична пријава против 52-годишен неготинец поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- На земјиште во негова сопственост на место викано „Дубровско“ во Неготино, без да поседува соодветна документација, изградил неколку објекти и вршел угостителска дејност. При извршен инспекциски надзор, било констатирано дека објектите биле изградени без решенија за поставување и одобренија за градба - информираа од СВР - Велес.

Ново на Сител