Криминалците ја користат играта „Покемон Го“ како мамка

Криминалците во САД играта за мобилни телегони „Покемон Го“ ја користат како мамка за ограбување на играчите.
Полицијата на американската сојузна држава Мисури на Фејсбук објави дека криминалците изминатите денови ограбиле 11 тинејџери користејќи ја играта „Покемон Го“.
Криминалците ја користеле функцијата геолокација во играта за да ги намамат играчите до местото на кое ги чекале ветувајќи им виртуелни награди.
„Покемон Го“ од средината на минатата недела е достапна за играчите во САД, Австаралија, Нов Зеланд и Јапонија.
Играчите во сите земји биле доведени до низа бизарни ситуации. Така во Австралија играчите пристигнале во полициска станица бидејќи играта покажувала дека таму се наоѓа една од бараните локации.
Во САД играчи ловејќи „пиксел монструми“ пронашле мртовец во река во близина на местото Ривертон.
- „Попкемон Го“ е опасна бидејќи ги анимира играчите да излезат од домот и во реалниот свет да трагаат по Покемон, што може да ги доведе во непријатни, но и опасни ситуации, предупредуваат властите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
