Македонија
19. јуни 2022 - 16:31

Ковид пандемијата го промени социјалниот живот

Ковид пандемијата остави длабоки трауми кај луѓето.Новото нормално денес како што го нарекуваат социолозите предзивика страв и отуѓување.Истражувањата спроведени од страна на социолозите и психолозите од Филозофскиот факултет се фрапантни тие покажуваат дека со секавична брзина е променет односот помеѓу луѓето после две години виртуелен свет кој носи многу нереалности.

На едно од прашањата ,После ковидот колку често се вративте на пријателствата и дружбите  повеќе од 70 проценти од испитанците одговориле дека  продолжиле со виртуелното кафе и електронските дружби .

Тежок и долг ќе биде патот за враќање на старите позитивни навики од пред пандемијата. Бројот на лицата пак  кои имаат потреба од стручна психолошка помош и поддршка е во постојан пораст и се очекува, за жал, тој тренд да се движи по нагорна линија.