Ковачевски на средба со Блинкен во САД
Опозицијата да не ја држи во заложништво европската иднина на Македонија со блокирање на уставните измени.
Премиерот Ковачевски во интервју за Гласот на Америка на Македонски јазик порача дека пратениците имале обврска да гласаат за подобра иднина на Македонија.
Премиерот Ковачевски кој уште од минатата недела е во работна посета на САД, вчера по локално време имал средба со американскиот државен секретат Блинкен на која како што вели била потврдена одличната соработка меѓу двете земји.
Американскиот секретар му се заблагодарил на Ковачевски за придонесот кој Македонија го дава во НАТО и залагањата за помош на Украина.
Ковачевски пред крајот на посетата на САД остварил средба и со Џејмс Рубин на која потпишал меморандум за соработка во борбата против дезинформациите, а се сретнал и со бродот на директори на Обединетата македонска дијаспора.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
