Македонија
19. јуни 2022 - 20:03

Ковачевски и коалиционите партнери постигнаа договор, предвремени избори не се решение за кризата

Предвремемни избори нема да има бидејки тоа нема да ги реши проблемите туку ќе ги продлабочи. Ова е заедничкиот став кој премиерот Ковачевски на средба го изгради со владините коалициски партнери откако синоќа опозоциската ВМРО-ДПМНЕ на протест побара итни предвремени избори.

Освен, прашањето за изборите, на коалициско ниво се реафирмирало и мислењето разговорите со Бугарија да се водат врз основа на веќе донесената резолуција во Собранието иако став за т.н. француски предлог не бил изграден.

Претходно Демократски сојуз на Павле Трајанов, токму пред почлетокот на средбата, изнесе сомневања дека со францускиот предлог бугарските барања стануваат европски.

Коалициските партнери потпишале и заедничка Декларација со која се обврзуваат на одговорно однесување и гаранции за справување со глобалната криза, со вклучување на нов пакет антикризни мерки.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека коалициската средба во Владата требала да се искористи за предвремемни избори бидејки токму тие се одговорни за кризата во која се наоѓа државата.